Тренчевска: Младите ја движат државата напред, вложувањето во нив останува во нашиот фокус

Макфакс

11/08/2022

16:48

1.859

Големина на фонт

а а а

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на Младинската конференција „Младите во Отворен Балкан – шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“.

Тренчевска во своето обраќање ги истакна заложбите на министерството кои што ги вклучува младинските политики кои овозможуваат полесно вклучување на младите на пазарот на трудот.

„Како Влада и како Министерство за труд и социјална политика сме насочени кон системски пристап во решавање на предизвиците со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија во делот на вработувањето и во делот на стекнувањето на вештини коишто ќе ги направат поконкурентни на пазарот на труд како и полесно вработливи“ – рече Тренчевска.

Таа се осврна на политиките кои што ги креира Министерството за труд и социјална политика како што се: Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, воведувањето на Гаранцијата за Млади, Законот за практикантство, Законот за младински додаток, Законот за младинско учество и младински политики кои даваат поддршка за вработување на младите.

„Гаранцијата за млади како дел од Европските носечки иницијативи има за цел да обезбеди на младите од 15 до 29 години во период од 4 месеци од денот на евиденција во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практикантство. Република Северна Македонија е прва од земјите од Западен Балкан која ја воведе и примени Гаранцијата за млади, а не е членка на Европската унија“ – изјави Тренчевска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг