(Видео) Предлог ручек за денеска: Највкусниот компир од рерна со крцкава сланина – оброк на кој нема да му одолеете

Точка

11/08/2022

16:15

20.803

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате ручек од рерна, тогаш пробајте го ова едноставно и превкусно јадење кое ќе ве освои.

Состојки:

- 1,5 килограми излупен компир;
- 2-3 главици кромид;
- 250-350 грама сланина;
- 1 крем-супа од печурки;
- 100 милилитри топла вода;
- 600 милилитри млеко;
- 100 грама путер или маргарин.

Подготовка:

Излупените и измиени компири исечете ги на кругови. Рерната загрејте ја на 200 степени Целзиусови.

Ставете ја тепсијата, во загреаната рерна. Кога ќе се загрее и тепсијата, додадете во неа неколку коцки путер, а потоа и компирот.

Над нив ставете уште малку путер, па ставете ја тепсијата во рерна да се испечат компирите.

Откако компирот добро ќе се испече, извадете ја тепсијата од рерна, над него додадете исечкан кромид на парчиња и сланина.

Во поголема чинија изматете вода, супа од печурки и зачини. Прелијте ја течноста над компирите, вратете ја тепсијата во рерна додека сè убаво не зарумени.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг