„Не знаев дека тоа е политички настан“: Антониа Гиговска го откажа настапот за Рамковен – Владо Јаневски ќе пее на големата прослава

Точка

11/08/2022

15:01

5.002

Големина на фонт

а а а

Младата пејачка Антониа Гиговска го откажа настапот на т.н. „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

„Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21-годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, гласеше соопштението на Министерството.

Откако наиде на остри критики од јавноста за учество на овој политички настан, Гиговска се огласи со соопштение дека го откажува настапот на „Peace festival“.

„Менаџментот прифати ангажман за кој не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира. Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“, рече младата Гиговска, по што министерството ја избриша објавата.


На нејзино место, стои најава за настап на Владо Јаневски.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор...

Posted by Ministria për Sistem Politik / Министерство за Политички Систем on Четврток, 11 август 2022

Инаку, на фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби.

PEACE FESTIVAL - ejani të gjithë, të festojmë sëbashku!

Edicioni i parë sivjet sjell MAJK, FIFI, Nora Istrefi, Lumi B,...

Posted by Artan Grubi on Недела, 07 август 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг