Го регулира шеќерот во крвта и го забрзува метаболизмот – само една чаша дневно ги ублажува болките и го подобрува имунитетот

Точка

11/08/2022

14:38

13.932

Големина на фонт

а а а

Овојпат ќе ви претставиме пет причини поради кои треба секој ден да го започнете со сок од ѓумбир.

Дали знаете што може да направи само една чаша ѓумбир за вашето здравје? Ефектот е неверојатен – помага во варењето на храната, ги отстранува мачнините и менструалните болки, ја зголемува енергијата. Бонус е тоа што напитокот е лесен за подготовка.

Состојки:

- 1 корен од ѓумбир;
- 2 лимони;
- 2 децилитри вода;
- 3 лажици мед.

Подготовка:

Излупете го коренот од ѓумбир и добро измијте го. Исечкајте го на коцки или ставете го во блендер.

Содржината ставете ја во сад, прелијте ја со 2 децилитри вода и варете неколку минути на умерена температура.

Оставете малку да се излади, а потоа исцедете ги лимоните и додадете го медот.


Во шише од 2 литри додадете 1,5 литри вода и смесата од ѓумбирот, медот и лимонот. Шишето ставете го во фрижидер.

Пред да се послужите со сокот, задолжително протресете го шишето и доколку сакате додадете си неколку коцки мраз.

Поради тоа што не содржи адитиви и шеќер, во фрижидер максимум сокот може да стои 7 дена.

Една чаша од овој сок ќе направи многу за вашето здравје, оваа мешавина е пребогата со корисни состојки како што се фосфор, витамин Б, Б3, Б6, протеини и диетални влакна.

Ги ублажува мачнините

Гингеролите кои се присутни во ѓумбирот добро делуваат при мачнини и стомачни проблеми меѓу кои и лошото варење на храната. Исто така може да им помогнат на бремените жени при мачнини, а покрај тоа безбедни се и за децата.

Ги намалува менструалните болки

Гингеролите, како и парадолот којшто се наоѓа во ѓумбирот, можат да бидат од голема помош кај жените кои се борат со менструални болки и болки во мускулите. Пациентите со артритис исто така ќе почувствуваат олеснување затоа што овој „лек“ прави чуда и за болки во зглобовите.


Ја зголемува енергијата

За оние кои секое утро се чувствуваат поспано и уморно, пиењето ѓумбир е одличен начин за започнување на денот. Ја зголемува енергијата, ја подобрува циркулацијата и природно ги елиминира токсините.

Пoмага при лошото варење на храната

Болката во стомакот и киселоста кои настануваат кога јадеме тешка и мрсна храна. Напитокот од ѓумбир наутро ќе помогне во подоброто варење на храната и ќе ја поттикне работата на метаболизмот.

Го регулира шеќерот во крвта

Пациентите со дијабетес исто така можат да имаат корист од користењето ѓумбир секое утро, а сето тоа поради неговите антифламаторни својства. Овој напиток го одржува и здравјето на срцето, така што помага во регулирањето на крвниот притисок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг