(Видео) Златна убавица: „Ѕирнете“ во суперјахтата „Khalilah“ која изобилува со луксуз

Точка

11/08/2022

13:22

26.548

Големина на фонт

а а а

„Khalilah“ не спаѓа во категоријата најголеми, ниту пак најскапи јахти, но таа ја надополнува количината раскош и инженерска иновативност.

Станува збор за најсмелиот проект на американската компанија „Palmer Johnson“ којшто се развивал повеќе од четири години.

Моќни мотори

Јахтата е долга 49 метри, а препознатлива е по активната силуета и златниот изглед, добиен со помош на специјални бои - „Gordova Gold“.

Кога била претставена пред само осум години, била единствена по трупот од полимерни влакна, полесни и поиздржливи од алуминиумската легура.

Ја придвижуваат два 16V MTU (M94) дизел агрегати кои произведуваат 5.200 KS, со максимална брзина од 59,2 км/ч. Пренесува „Autoevolution“.


Цената – вистинска ситница

Јахтата располага со сместување за 11 гости, како и стандардни содржини за суперјахти – спа, базен, палуба за сончање, бар, џакузи, простор за забава.


Вредноста на ова неверојатно пловило е 31 милион долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг