„Khalilah“ не спаѓа во категоријата најголеми, ниту пак најскапи јахти, но таа ја надополнува количината раскош и инженерска иновативност.
Станува збор за најсмелиот проект на американската компанија „Palmer Johnson“ којшто се развивал повеќе од четири години.
Јахтата е долга 49 метри, а препознатлива е по активната силуета и златниот изглед, добиен со помош на специјални бои - „Gordova Gold“.
Кога била претставена пред само осум години, била единствена по трупот од полимерни влакна, полесни и поиздржливи од алуминиумската легура.
Ја придвижуваат два 16V MTU (M94) дизел агрегати кои произведуваат 5.200 KS, со максимална брзина од 59,2 км/ч. Пренесува „Autoevolution“.
Јахтата располага со сместување за 11 гости, како и стандардни содржини за суперјахти – спа, базен, палуба за сончање, бар, џакузи, простор за забава.
Вредноста на ова неверојатно пловило е 31 милион долари.