На жителите на едно село на северниот егејски остров Тасос им е кажано да се евакуираат, пренесуваат медиумите во регионот.
Во четвртокот рано наутро жителите на Кинира добиле порака на итниот број 112 да се евакуираат кон селото Лименарија.
Пожарот избувнал во тешко пристапен дел од планината веднаш по самракот, поради што бил оневозможен летот на противпожарните авиони.
Tasos, požar krenuo, Golden Beach https://t.co/cI2WHZ9JPq pic.twitter.com/yq1R1NWeWh
— Pasji život (@Pasjisin) August 11, 2022
Противпожарната служба се засили во четвртокот рано наутро, испраќајќи 102 пожарникари со 33 возила и пет екипи кои дејствуваат како пешадија, а војската и доброволците беа мобилизирани, пишуваат тамошните медиуми.
Во некои извештаи се наведува дека на двајца пожарникари-доброволци им биле повредени нозете кога врз нив паднало дрво и дека им била укажана помош во локалниот здравствен дом, пишува „eKathimerini.com“.