(Видео) Жена скокнала во море, а таму ја пречекал невиден шок: Лице во лице со ајкула! Еве како успеала да се спаси

Точка

11/08/2022

10:57

9.710

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи повторно кружи снимка стара две години, која прикажува неверојатен момент кога една жена скокнала во море, каде ја дочекала ајкула од околу 2,5 метри.

Оваа Американка, подоцна идентификувана како Изо Машадо, го прославувала својот роденден на јахта кај пријатели, кога решила да се спушти низ поголем тобоган на надувување кој води директно во морето.

Но, таму ја пречекало непријатно изненадување – ајкулата ѝ се доближила на само еден метар.

„О, Боже, мамо. Немој да полудуваш. Не паничи“, ѝ довикува синот, а жената навистина успеала да остане смирена.

За среќа, целата ситуација завршила без кобни последици, ајкулата едноставно го променила правецот, а Изо безбедно се вратила на јахтата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг