Има 54 години и пет деца, а изгледа неверојатно: Поранешната сопруга на Еди Марфи привлекува внимание кај мажите, благодарение на една навика

Точка

11/08/2022

23:42

17.914

Големина на фонт

а а а

Иако ја „гази“ шестата деценија од животот таа и натаму изгледа многу подобро од многу од девојките во 30-те.

Никол Мичел Марфи, некогашниот модел и поранешна сопруга на актерот Еди Марфи, плени погледи каде и да се појави во јавноста.

Таа отсекогаш имала совршена линија на тело, а во последните неколку години изгледа, како што велат многумина подобро од кога и да е. Сепак, манекенката вели дека отсекогаш не ѝ било толку прекрасно.

„Кога првпат се породив, не размислував за тренирање. Не одев во теретана затоа што моето тело не се смени нималку“, изјавила во една прилика Никол.

Таа со Еди Марфи има пет деца, а најстарoто од нив Бри има 32 години и неодамна се венчала за актерот Мајкл Хавиер. Нејзината мајка ги маѓепсала присутните со совршениот фустан на венчавката.

Некогашната манекенка била искрена, па признала

„По втората бременост килограмите се наталожија и знаев дека морам да почнам да вежбам, доколку сакам да изгледам добро“, продолжила Никол.

„Јас пет-шест пати неделно одам во теретана каде работам комбинирани кардио тренинзи и вежби за сила“, открила таа.

Многу од жените имаат разни изговори, но кај неа нема оправдување.

„Секој може да одвои по еден час дневно за тренинг, нема изговори. Можете да вежбате и дома“, вели таа.

За нејзината одлична линија заслужна е и здравата храна. Таа главно јаде протеини и храна богата со растителни влакна, а слатките и јаглехидратите ги избегнува.

Иако веќе ја „гази“ шестата деценија, таа споменала дека ништо во текот на денот не ѝ е тешко. Ужива во играњето со внуците, готви, тренира...




Спонзорирани линкови

Маркетинг