(Видео) Преслатко момче ги освои социјалните мрежи набројувајќи ги причините зошто сака пченка

Точка

11/08/2022

10:32

7.883

Големина на фонт

а а а

Слаткото момче ги освои срцата на корисниците на социјалните мрежи откако видеото на кое објаснува зошто сака пченка стана хит на бројни платформи, почнувајќи од ТикТок, каде видеото од разговорот е прегледано повеќе од 12 милиони пати.

На профилот на Инстаграм и ТикТок на серијата „Recess Therapy“ е објавено видео од момче кое особено сака пченка, каде водителот Џулијан Шапиро-Барнум интервјуира мали деца кои ја забавуваат публиката со нивните смешни одговори.

Во оваа прилика тој разговарал со момче на кое му недостасува предниот заб, но без проблем џвакало пченка и го споделило своето мислење за оваа храна.

„За мене... Навистина сакам пченка“, вели момчето.


Кога Шапиро-Барнум го прашал што му се допаѓа кај пченката, малото момче со задоволство одговорило:

„Кога ми рекоа дека постои пченка, ја пробав и вкусна беше. Но кога ја пробав со путер, сè се смени! Сакам пченка“, вели детето и додава дека не мора на сите да им се допаѓа, но дека секој треба да проба.

Покрај грицкањето пченка, тој наведува во што ужива, почнувајќи со „разни игри“ вклучувајќи криенка, но „никогаш чудовиште од лава“, а на крајот од листата повторува: „Да, воглавно уживам во пченката“.

„Не можам да замислам поубаво нешто, видете го ова“, вели тој пред камерата, покажувајќи го клавчето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг