Ова се најекстремните работи кои познатите актери ги правеле за да ослабнат за потребите на своите филмски улоги

Точка

11/08/2022

10:04

8.286

Големина на фонт

а а а

Најекстремните работи кои холивудските актери ги правеле за да ослабнат за улоги, опфаќале пушење цигари, консумирање глина и преживување на едно јаболко дневно.

Актерите се познати по тоа што понекогаш одат до крајност за да се подготват за улога. Некои од нив поминале низ екстремни трансформации на слабеење за да се подготват за улога.

Меѓутоа, често работите кои ги правеле за да ослабнат биле прилично нездрави и се граничеле со опасност.

Мила Кунис повторно почнала да пуши

Кунис ја глумеше балерината во филмот „Black Swan“ во 2010 година, а за да се вклопи во ликот на балерината, Кунис одлучила да ослабне за улогата. Меѓутоа, Кунис изјавила дека изгубила нездрава количина на тежина и дека никому не би му препорачала да го направи тоа што таа го направила за филмот.

„И ќе ви го кажам ова, воопшто не го промовирам ова, но некогаш бев пушач, па пушев многу цигари и јадев ограничена количина на калории“, кажала Кунис.

Ен Хатавеј јадела паста од овесни снегулки

Хатавеј изгубила вкупно 11 килограми за улогата на Фантина во „Les Miserables“. Таа подлегнала на опасно нездрави детали за губење на таа тежина.

Според „Vogue“, Хетавеј јадела по само две парчиња паста од каша од овес, за да ослабне.

„Морав да бидам опседната со тоа – идејата да изгледам на чекор до смртта“, изјавила таа за „Vogue“.

Кристијан Бејл јадел конзерва туна и по едно јаболко дневно

Бејл е можеби еден од најекстремните актери кога се работи за трансформацијата на неговото тело за улога. И слабеел и се дебелеел за филмови, но трансформацијата која најмногу ја воодушевила публиката е неговото губење на 25 килограми за „The Machinis“ – филмот за човекот којшто се бори со несоница.

За да ги изгуби килограмите Бејл секој ден пиел црно кафе и јадел по една конзерва туна со едно јаболко. Иако ова екстремно губење на тежината успеало, не е ниту чудно што нешто како ова може да предизвика здравствени проблеми.

Зои Кравиц пиела глина за филмот „The Road Within“

Зои Кравиц во 2015 година толкувала лик којшто боледува од булимија и анорексија во филмот „The Road Within“. Таа морала значајно да ослабне за улогата.

„Се обидов тоа да го направам на најздравиот можен начин, иако тоа е нездраво. На крајот пиев глина поради тоа што таа го чисти телото и го заситува“, признала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг