Страшна снимка од Флорида: Ајкула се прикрадува на капачи

Точка

10/08/2022

20:02

10.460

Големина на фонт

а а а

Снимките од дрон фатиле голема ајкула како плива во близина на неколку посетители на плажата Дејтона на Флорида.

На снимката, која ја забележал Блејк Рас, се гледа како ајкулата ја истражува водата во близина на брегот. Капачите го забележале дронот кој лета над нив, но не ја виделе ајкулата која плива во нивна близна.

Рас рекол дека бил со семејството на плажа и дека случајно решил да го прати дронот на небо.

„По неколку минути снимив една ајкула како плива во близина на луѓето. Пливаше кон најмалку десет различни групи на луѓе, а потоа наеднаш ја менува насоката и ги заобиколува“, вели тој.

Според неговите зборови, луѓето не забележале дека ајкулата е таму.

„Често гледаа во дронот и мавтаа без да знаат дека ајкула плива веднаш до нив. Мојот совет е дека ако пливате во океанот и видите дрон во близина, погледнете околу себе, а не во него. Дронот веројатно снима нешто друго“, рекол тој.

Видеото се појавило неколку дена откако пливачите во Флорида останале во паника кога две ајкули биле забележани како истовремено пливаат во близина на брегот.

Во инцидентот никој не е повреден, но пливачите биле предупредени да не влегуваат во вода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг