Топењето на ледниците на швајцарските Алпи открива тајни криени со децении

Точка

10/08/2022

19:21

4.473

Големина на фонт

а а а

Топењето на швајцарските ледници поради многу високите температури довело до откритие на човечки остатоци и труп од авион кој, повеќе од половина век, бил заробен под мразот.

Последниците од многу високите температури во последните неколку недели не предизвикуваат само гранични проблеми меѓу Италија и Швајцарија поради повлекувањето на ледниците, туку и откриваат тајни скриени со децении под слоевите мраз.

Двајца француски алпинисти откриле коски минатата недела на швајцарските Алпи, додека се качувале по ледникот Чесјен, во јужниот кантон Валаис. Коските со хеликоптер биле префрлени од планините, а се наоѓале на замрзната патека која не се користи повеќе од 10 години, пренесува "The Guardian".


Управникот на планинарскиот дом "Бретаниа" рекол дека алпинистите ги пронашле коските бидејќи користеле застарена карта за искачување по ледникот, на која замрзната патека е запишана како проодна. Додал дека коските веројатно припаѓаат на некој кој загинал таму во доцните 70-ти или раните 80-ти години.

Една недела пред тоа уште еден костур бил пронајден во близина на пристаништето Цермат, североисточно од врвот Матерхорн. Полицијата во Валаис во двата случаи изјавила дека со помош на ДНК анализа се обидуваат да го потврдат идентитетот на загинатите лица.


Во првата недела од август еден планински водич пронашол труп од авион кој на 30-ти јули 1968-ма година се урнал над ледникот Алеч, во близина на врвовите Јунгфрау и Мунч. „Од далечина мислев дека гледам во две ранчиња“, рекол водичот Доминик Нелен.

Инспекцијата на местото на настанот утврдила дека станува збор за остатоци од авионот "Peper Cherokee" кој таму се урнал пред повеќе од 50 години. Телата на загинатите патници тогаш биле пронајдени, но авионот досега бил сокриен под мразот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг