Во претстојната епизода на „Симпсонови“ конечно ќе се открие како успевале да ја предвидат иднината

Точка

10/08/2022

19:12

6.987

Големина на фонт

а а а

Во претстојната епизода на анимираната серија „Симпсонови“ конечно ќе се открие како ја предвидуваат иднината.

Серијата која ја креираше Мет Грејнинг е повеќе од 3 децении на екраните, а за првпат се емитуваше на 17-ти декември 1989 година, што ја прави најдолговечната американска ТВ серија во ударен термин.

Од предвидувањето на кризата со животните трошоци во Велика Британија до Доналд Трамп како претседател на САД, па дури и пандемијата на коронавирусот, писателите сосема јасно знаат нешто што ние не знаеме.

Сценаристот и продуцент на серијата, Мет Селман, неодамна изјавил за „Deadline“ дека претстојната епизода од 34-та сезона ќе открие сè.

„Имаме уште една луда концептуална епизода која објаснува како Симпсонови ја знаат иднината. Тоа е концептуална епизода со многу луди нешта во себе, но објаснува како може да се предвиди иднината“, вели Селман.

Зборувајќи за тоа како по толку време, продукцискиот тим успева да ја одржи серијата „свежа“, Мет вели:

„Тоа е нашиот најголем креативен предизвик, да се погрижиме секоја епизода да биде уникатна и посебна. За среќа, светот продолжува да испорачува нешта кои треба да се рефлектираат на огледалото во Спрингфилд. Така што тоа е благодарност до светот, но и светот треба да биде подобар. Немам проблем со повторување на емоционалната динамика“.

„Не можете едноставно да го пречкртате емоционалното семејно раскажување бидејќи претходно сте ги кажале тие емотивни семејни приказни. Но, морате да имате нешто ново за раскажување за надворешниот свет или да истражите нов аспект на односот кој е поспецифичен и поинтересен“, додал Селман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг