„CNN“ објави листа на 15 најубави градови во Европа, дури 3 се од регионот

Точка

10/08/2022

16:50

26.049

Големина на фонт

а а а

„CNN“ го смести Мостар на листата на најубави градови во Европа, кој го зазеде шестото место.

„Париз, Рим, Барселона... Овие европски градови со право се на листата на градови кои треба да се посетат. Меѓутоа, и помалите градови се исто така магични бидејќи имаат прекрасна архитектура и богата култура“, навела новинарката Јулија Бакли во својот напис.

Споменато е дека Стариот мост, кој во 16-от век го изградиле Османлиите, долго време се сметал за еден од најдобрите примери на балканската исламска култура. Се протега високо над реката Неретва и е една од најпознатите знаменитости на Балканот.

Напоменато е дека Стариот мост бил срушен во 1993 година од страна на Хрватскиот совет за одбрана. Реконструираниот мост е отворен во 2004 година, а Мостар денес е една од омилените дестинации во Босна и Херцеговина.

На листата на „CNN“ пред Мостар се градовите Гитхорн (Холандија), Гимараес (Португалија), Роскоф (Франција), Ангиари (Италија) и Нафплио (Грција).

Зад Мостар се Мацара дел Вало (Сицилија), Кловели (Велика Британија), Динкелсбул (Германија), Кенмер (Ирска), Рејне (Норвешка), Регенкос (Шпанија) и Тарнов (Полска).

Она што е интересно е што на листата се најдоа уште два града од регионот, а тоа се Корчула во Хрватска и Пиран во Словенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг