Без јајца, путер и млеко: Рецепт за кремаст, чоколаден колач без печење готов за само 15-на минути

Точка

10/08/2022

16:01

21.297

Големина на фонт

а а а

Оваа чоколадна фантазија се прави брзо и лесно, а ќе ве освои после првото залче.

За разлика од многу други вкусни десерти за подготовка, за овој чоколаден колач нема да ви бидат потребни јајца, путер ниту пак млечни производи.

За подготовка на овој десерт потребни ви се само 15-на минути, а истиот е вистински избор за вас. Со својот богат чоколаден вкус и кремаста текстура ќе ве освои на прво залче.

Оние кои го пробале овој чоколаден колач на изглед, но и на вкус ги потсетува на француската свилена пита. Сепак, неговата подготовка е многу поедноставна.

Состојки:

- 200 грама корнфлекс;
- 300 грама чоколадо за готвење;
- 3 банани;
- 300 грама мелени орео бисквити;
- Малку сок.


Подготовка:

Корнфлексот прелијте го со стопеното темно чоколадо, па добро измешајте за да се соедини смесата и за корнфлексот да впие од чоколадото.

Бананите ставете ги во блендер, па потоа во нив додадете ја смесата со корнфлексот. Најдобро е да користите презреани банани затоа што тие се послатки и полесно ќе ги згмечете.

Орео бисквитите помешајте ги со неколку лажици било каков сок или пак вода. Потребно е малку течност, само онолку колку што е доволно за да се добие смеса со која ќе може да направите кора.

Во калап ставете ја смесата од орео и направете кора. Потоа над неа ставете го корнфлексот којшто сте го измешале со чоколадо и банана и ставете ја тортата во фрижидер.

Одгоре украсете по желба. Ќе добиете вкусен и мек колач којшто мириса така што ќе исчезне од вашата чинија веднаш.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг