И покрај лошите критики, излегува ново продолжение: Објавен трејлер за третиот дел од полскиот филм кој изобилува со експлицитни секс сцени

Точка

10/08/2022

16:02

8.896

Големина на фонт

а а а

Објавен е трејлерот за третото продолжение на еротската драма „365 Days“ наречено „The Next 365 Days“ кое ја следи љубовната приказна помеѓу Лаура и Масимо.

„Односот помеѓу Лаура и Масимо виси на конец и се обидуваат да ги совладаат проблемите со доверба и љубомора, додека упорниот Начо прави сè за да ги раздвои“, гласи краткиот опис на приказната на третото продолжение.

За потсетување, второто продолжение „365 Days: This Day“ започнува со венчавката на Лаура и Масимо, но вниманието на Лаура набрзо го краде градинарот Начо.

Филмот по излегувањето наиде на многу лоши критики и незадоволство од страна на гледачите, а на „IMDb“ моментално е оценет со 2.5.

Се чини дека публиката не е особено воодушевена ни околу третото продолжение на филмот кој изобилува со сцени на експлицитен секс.


„Изгледа дека никогаш не планираат да престанат со снимање“, „Со секое ново продолжение овој филм станува сè попатетичен“, „Овие филмови се како тешка автомобилска несреќа која едноставно не можете да престанете да ја гледате“, „Знам дека ќе биде глупава приказната, па затоа едноставно ќе премотам на возбудливите секс сцени“, се само дел од коментарите.

Филмот на „Netflix“ ќе стане достапен за гледање од 19-ти август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг