Украина не презема одговорност за експлозиите на Крим

Макфакс

10/08/2022

10:52

808

Големина на фонт

а а а

Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици, пренесува „Ројтерс“.

На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не. Што имаме ние со тоа?“, наведува британската агенција.

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидентот на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека на аеродромот на Крим експлодирала муниција, но дека немало никаков напад, а ниту авион не е оштетен, пренесе ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг