Модриќ: Сега цел свет се запозна со нешто што јас го знаев со години

Дерби

10/08/2022

10:24

1.833

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид како актуелен европски и шпански шампион ќе се обиде да дојде до првата титула во новата сезона, а традиционално во игра е трофејот во европскиот Суперкуп со кој стартуваат возбудувањата на стариот континент.

Ајнтрахт Франкфурт како победник во Лига Европа ќе го предизвика Реал вечерва на стадионот во Хелсинки, на кој вчеравечер најголемо внимание привлече прес-конференцијата на која присуствуваа три члена на „кралскиот клуб“.

Друштво на тренерот Карло Анчелоти му правеа Лука Модриќ и Карим Бензема, а Хрватот даде една интересна изјава за Французинот кој почна да доаѓа до израз дури по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Неговиот квалитет претходно беше многу оспоруван, но во последните неколку години, Карим посебно се истакна во напаѓачка смисла и сега е препознаен од цела светска спортска јавност.

– Се ми се допаѓа кај Бензема, тој е импресивен. Јас го почувствував тоа уште на првиот тренинг со него. Се радувам што целиот свет се запозна со нешто што јас го знаев со години наназад. Сепак, ако треба да изберам една работа од играта на Бензема, тоа се головите. Тој сегмент од играта е нешто што мене ми недостасува, – изјави Модриќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг