Актерката била силувана пред својот сопруг – по една деценија одлучи да проговори за морничавиот настан

Точка

10/08/2022

23:08

18.013

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка Френ Дрешер која се прославила со улогата на дадилката Френ во серијата „Дадилка“, една од најпопуларните во 90-те години, проговорела за силувањето кое ѝ се случило во 1985 година кога имала 28 години.

Деталите од тој настан и последиците од истиот, ги објавила во својата автобиографија која неодамна била објавена.

Една вечер додека таа и нејзиниот сопруг биле во кујната со нејзината пријателка, во нивниот дом влегле разбојници.


Френ и пријателката биле силувани, по што им се заканувале со пиштоли, а нејзиниот сопруг Питер Марк Џејкобсон бил врзан и принуден сето тоа да го гледа.

„Тогаш не знаевме дека тој маж и неговиот брат беа на условна слобода. Беше грозно и помислата дека бил затворен, а потоа пуштен и дека после сè го прави тоа“, изјавила таа. Полицијата набрзо потоа успеала да ги најде разбојниците.

„Поради тоа што имам фотографско помнење, ѝ помогнав на полицијата и илустраторот да направат скица според која подоцна го пронајдоа разбојникот и го приведоа“, раскажала актерката.


Сега знае дека е затворен и дека повеќе никому ништо лошо нема да му направи.

„Барем после сè го имав тој крај којшто многу од жените го немаат. Не морам да се плашам дека би се сретнала со него некогаш зад некој агол. Откако се случи тоа, им кажав на пријателите, но немав сила да им се јавам на своите родители и да им кажам што се случи“, открила Френ.


Актерката првпат приказната за силувањето ја раскажала во 1996 година поради тоа што ѝ бил дијагностициран канцер на матката, а сето тоа го напишала и во автобиографијата „Enter Whining“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг