„Top Gun“ му го одзеде местото на „Titanic“ на листата на најуспешни филмови на сите времиња

Точка

09/08/2022

20:25

4.975

Големина на фонт

а а а

Блокбастерот со Том Круз, „Top Gun: Maverick“, ги руши сите рекорди, а сега му ја одзеде важната титула на еден од најпопуларните филмови на сите времиња, „Titanic“.

Освен што е прогласен за најуспешен филм во 2022 година и најуспешен филм во кариерата на Круз, новиот „Top Gun“ заработи 662 милиони долари во американските киносали, престигнувајќи го „Titanic“ кој само во Америка заработи 660 милиони долари, пренесува „Variety“.

Со вкупната заработка на благајните од излегувањето на филмот, заклучно со минатиот викенд новиот „Top Gun“ го зазеде 7-то место на листата на најуспешни филмови на сите времиња во САД, одземајќи му ја оваа престижна титула на „Titanic“.

Долгоочекуваното продолжение на филмот доби пофалби од критичарите и покрај замерките дека нема врска со реалноста:

„‘Top Gun: Maverick’ е сето она што критичарите велат дека е – забавен, возбудлив, ода на индивидуалната храброст и на неколку места навистина трогателен. Меѓутоа, тоа е исто така длабоко будалест филм кој и покрај тврдењата за реалистичност (актерите летаат во вистински авиони), дава прилично нереалистична слика“, пишува сајтот „Slate“.

Иако новиот блокбастер незапирливо се искачува на американските листи, трката сè уште не е готова. Имено, на глобално ниво, „Top Gun: Maverick“ досега заработи 1,3 милијарди долари додека вкупната заработка на „Titanic“ изнесува 2,2 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг