(Видео) Експлозии во близина на руската база на Крим, Русите открија за што се работи

Точка

09/08/2022

20:40

4.633

Големина на фонт

а а а

Неколку експлозии се случија денеска на Крим. Руското министерство за одбрана соопшти дека на територијата на аеродромот Саки експлодирала воздушна муниција, пренесе Интерфакс.

„ На деветти август околу 15 часот и 20 минути на територијата на аеродромот Саки кај населбата Новофјодоровка експлодираа неколку парчиња авијациска муниција. Од експлозиите нема повредени“, се вели во соопштението.

Како што се додава, се преземаат мерки за гаснење на пожарот и утврдување на причините за експлозијата.

Околу 30 лица се евакуирани од куќите во Новофјодоровка, соопшти денеска советникот на лидерот на Крим, Олег Крјучков.

„ Од околните куќи се евакуирани околу 30 луѓе. Тие ќе бидат сместени во хотели и куќи за гости и ќе им биде обезбедена храна. Аеродромот е ограден“, објави Крјучков на Телеграм, а пренесе агенцијата ТАС С.

Во областа Новофјодоровка има воена единица и воен аеродром.



Спонзорирани линкови

Маркетинг