Роверот на НАСА снимил интересна супстанца на Марс, еве за што станува збор

Точка

09/08/2022

15:38

25.649

Големина на фонт

а а а

Чудната супстанца ја снимил роверот "Perservance" на НАСА, кој минатата година слетал во кратерот Езеро. Се верува дека станува збор за Дакрон, посебен материја од групата полиестери.

Мистериозниот предмет ја заинтригирал јавноста минатата година, а овие денови НАСА објавила за што станува збор.

Фотографијата која ја направил "Perseverance" на 12-ти јули 2021-та година, предизвикала бројни теории дека се пронајдени знаци на живот на Црвената планета. Меѓутоа, изгледа дека не станува збор ниту за живот, ниту за "шпагети".


Станува збор за дакронска мрежа, односно материјал Дакрон, подвид на полиестер, а НАСА претпоставува дека најверојатно паднал од термалната покривка која на роверот му помогнала да слета на Марс, пренесува "Mirror".

„Изгледа дека ова конкретно парче мрежа минало низ значајно одмотување, што сугерира дека било изложено на моќни сили“, стои во блогот на НАСА.


Дакрон, со оглед на тоа дека станува збор за многу еластичен материјал, се користи во различни цели, од медицина до риболов, а во конкретниот случај и како дополнителна опрема за слетување на Марс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг