Хитот на Оливија Њутн-Џон прогласен за најсекси песна на сите времиња

Точка

09/08/2022

14:32

7.310

Големина на фонт

а а а

Оливија Њутн-Џон, австралиската ѕвезда која стекна ласкав статус, но и слава преку култниот мјузикл „Grease“, почина на 73-годишна возраст, а ќе остане запаметена по бројните хитови.

Една од нејзините песни е дури прогласена и за најсекси песна на сите времиња.

Станува збор за хитот од 1981 година, „Physical“, а титулата му ја додели списанието „Billboard“ по спроведеното големо истражување во кое клучни елементи биле бројот на седмици на топ-листите и самите стихови на песните.

Песната „Physical“ има и провокативен спот во кој Оливија вежба во теретана опкружена со бројни мажи. Песната остана на првото место на музичките листи цели 10 седмици, рушејќи ги сите рекорди во 80-те години.

За потсетување, тажната вест за смртта на Оливија ја потврди нејзиниот сопруг Џон Истерлинг.

„Оливија утринава почина мирно во својот дом во јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството во овој многу тежок период. Таа беше симбол на триумфот и надежта, повеќе од 30 години делејќи го своето патување со ракот на дојка“, истакнал нејзиниот сопруг.

Тој додал дека „ нејзината исцелителна инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг