Ново видео од тунелот на „Олд Трафорд“ го става Мегваер во неповолна ситуација: Кој ни е капитен…

Дерби

09/08/2022

13:14

2.289

Големина на фонт

а а а

Хари Мегваер немаше индивидуална грешка на натпреварот против Брајтон и после подолго време не се најде во прв план кај редовните критичари во Премиер лигата, но неколку дена по саботниот меч, сепак се најде на удар од страна на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Причина за тоа е видеото кое се појави од тунелот на „Олд Трафорд“, а кое го става капитенот на Јунајтед во неповолна ситуација поради распоредот на неговите соиграчи.

На видеото се гледа дека Мегваер заборави на најосновното правило како капитен на Јунајтед, односно ја утна страната која ја зазема домаќинот во тунелот на театарот на соништата.

Давид Де Хеа го потсетува Мегваер дека треба да ги променат страните со играчите на Брајтон, но и покрај поправката, стоперот наиде на огромни критики на социјалните мрежи.

– Кој ни е капитен на тимот..., – е коментарот кој е најчест меѓу фановите на Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг