Дали се сеќавате на актерката Марија Вицковиќ, која пред десетина година глумеше во спотот „Još uvek sanjam da smo zajedno“ и го воодушеви цел регион?
Денес Марија изгледа непроменето. Во нејзиниот случај, годините воопшто не се важни, бидејќи на речиси 38, оваа српска актерка е прекрасна и младолика.
Неодамна за медиумите изјавила дека би сакала да се оствари во улога на мајка, а дека за нејзиниот младолик изглед е заслужна јогата, како и пливањето – нуркањето.
„Сакам да пронајдам баланс во себе, за да работам на моето ментално здравје. Што се однесува до нуркањето, станав сериозен нуркач“, рекла актерката.
Она што е уште поголема мистерија, е тоа дека за нејзиниот приватен живот, момци, врски, речиси ништо не се знае и дека успеала да ја сочува својата интима далеку од очите на јавноста и неделниот жолт печат.
За „Блиц.рс“ минатата година изјавила: „Верувам во љубов, но не и во хартијата со која тоа се уредува“.