Српската актерка после снимањето на спотот на Тоше Проески, буквално исчезна: Каде е и што прави денес Марија Вицковиќ?

Точка

09/08/2022

12:22

11.688

Големина на фонт

а а а

Дали се сеќавате на актерката Марија Вицковиќ, која пред десетина година глумеше во спотот „Još uvek sanjam da smo zajedno“ и го воодушеви цел регион?

Денес Марија изгледа непроменето. Во нејзиниот случај, годините воопшто не се важни, бидејќи на речиси 38, оваа српска актерка е прекрасна и младолика.

Неодамна за медиумите изјавила дека би сакала да се оствари во улога на мајка, а дека за нејзиниот младолик изглед е заслужна јогата, како и пливањето – нуркањето.

„Сакам да пронајдам баланс во себе, за да работам на моето ментално здравје. Што се однесува до нуркањето, станав сериозен нуркач“, рекла актерката.

Она што е уште поголема мистерија, е тоа дека за нејзиниот приватен живот, момци, врски, речиси ништо не се знае и дека успеала да ја сочува својата интима далеку од очите на јавноста и неделниот жолт печат.

За „Блиц.рс“ минатата година изјавила: „Верувам во љубов, но не и во хартијата со која тоа се уредува“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг