Серијата која изобилува со геј секс-сцени моментално е една од најгледаните на „Netflix“

Точка

09/08/2022

10:09

5.506

Големина на фонт

а а а

За само десеттина дена серијата „Uncoupled“ стана една од моментално најгледаните на „Netflix“.

Главната улога во серијата му припаѓа на Нил Патрик Харис, ѕвезда од серијата „How I Met Your Mother“.

Харис во серијата го толкува ликот на Мајкл, хомосексуалец во средни 40-ти години којшто започнува да живее сам во Њујорк, откако го напуштил неговиот партнер со којшто бил заедно 17 години.

Серијата изобилува со хумор, но и бројни геј секс-сцени.

Судејќи по оцените на гледачите како и коментарите на Твитер, серијата воодушевила многумина.

„Како хетеросексуалeц роден во доцните 70-ти години, не мислев дека некогаш ќе гледам геј-ситком. Ова е свежина. Баш ми е гајле за било кои преференции, луѓето се соживуваат со човековите проблеми“, „Ова е навистина добро! Денес ја гледав. Топло ја препорачувам“, „Забавен и хумористичен ситком за бегство од пандемијата. Харис е одличен во главната улога“, „Ова е серија која би можела да ја наследи Сексот и градот“, Харис е совршен за главната улога во серијата која се фокусира на ликовите кои пронаоѓаат љубов и скршените срца кои ги стигнуваат подоцна во животот. Смешен е, секси, сладок геј“, се само дел од коментарите.


Освен Харис, во серијата ги гледаме и Тиша Кампбел, Брукс Ашманскас...

Серијата ја креирале Дарен Стар којшто е заслужен и за „Emily in Paris“, а извршен продуцент е Џефри Ричмен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг