Како нов: Се продава "Ferrari F40"

Точка

08/08/2022

23:05

25.180

Големина на фонт

а а а

Познат како последен модел кој Енцо Ферари го потпишал, "F40" е икона во Маранело, а воопшто и во светот на супер-автомобилите.

Под хаубата има 2,9-литарски "V8" мотор со 478 коњски сили, кои преку мануелен менувач со пет брзини се пренесуваат на задните тркала.


Овој конкретен примерок од 1990-та година е еден од ретките кои имаат доволно преминати километри (25.000) за новиот сопственик да може и малку да го вози, а со тоа да не му ја намали вредноста, наведува "Jutarnji.hr".


Автомобилот се наоѓа во толку извонредна состојба што можете да се посомневате и дека вчера излегол од фабрика. По комплетната двегодишна реставрација која е завршена во 2017-та година, освоил големи награди.


Аукциската платформа "Mecum" проценува дека овој автомобил ќе се продаде за 2,35 до 2,65 милиони долари. Аукцијата ќе се одржи меѓу 18-ти и 20-ти август, а со оглед на неговата состојба, ќе биде интересно да се види која ќе биде конечната цена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг