Илустрација која ги намачи Интернет корисниците – можете ли да пронајдете 4 ракови?

Точка

08/08/2022

16:15

9.209

Големина на фонт

а а а

Ако успеете да ги пронајдете за помалку од една минута, вие спаѓате во групата од 24 отсто луѓе кои успеале.

Некои загатки се лесни за откривање, малку труд и сте ја завршиле дадената задача. Меѓутоа, постојат и такви кои се направени со цел да ве „препотат“ и да ви одземат време.

Токму една таква подготвивме денеска за вас.


Имено, на илустрацијата е прикажан воден свет со грст јастози, ѕвезди и полжави во него. Но и четири „натрапници“, а ваша задача е да ги пронајдете.

Станува збор за ракови кои вешто се сокриле, а отежнувачка околност е што се во иста боја како јастозите, па „изострете го“ видот.

Унгарскиот уметник Ѓерѓели Дудаш, кој ја направил оваа илустрација, открил дека ако ги најдете за помалку од една минута, спаѓате во групата од 24 отсто луѓе кои исто така успеале.

Успеавте да ги пронајдете? Ако не, ќе ви откриеме каде се наоѓаат два ракови. Едниот е близи сината алга, а другиот е десно од жолтата алга. На вас е сега да пронајдете уште два.

Ако не успеавте да ги пронајдете сите четири ракови, погледнете го решението во продолжение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг