Бизарно или снаодливо? Возрасен маж на плажа прави нешто многу необично – снимката е хит на социјалните мрежи

Точка

07/08/2022

21:55

19.056

Големина на фонт

а а а

Една од задачите на секој маж кој оди на плажа е да постави чадор во песок или чакал, во зависност од тлото на плажата.

Но, понекогаш тоа не е воопшто лесно. Токму затоа еден човек стана глобален хит, бидејќи начинот на кој решил да постави чадор за сонце не е виден досега.

Според принципот „направи сам“, човек чие име не е познато, на плажа донел дупчалка-хилта долга над еден метар, која се користи за пробивање ѕидови, со намера да пробие дупка за чадор за сонце.

Имено, додека едниот маж држел чадор, другиот ноншалантно бушел дупка во песокот, на запрепастување на сите кои биле во негова близина.

За жал, точната локација, како и периодот во кој е направена снимката, не се познати.

Сепак, тоа не било препрека за луѓето на социјалните мрежи да се забавуваат на сметка на мажот.

Додека некои пишувале дека човекот има IQ 2000, други коментирале дека ова е најдобриот потег кој некогаш го виделе, а имало и такви кои се шегувале дека мажот всушност дошол со вградена клима.




Спонзорирани линкови

Маркетинг