Холивудскиот актер застанал во одбрана на Новак: „Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња“

Точка

06/08/2022

17:37

3.534

Големина на фонт

а а а

Популарниот американски актер Адам Болдвин испрати гласна поддршка до српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Актерот кој е познат по улогите во филмовите „Independence Day“, „The Patriot“, „Serenity“ и сериите „Chuck“ и „Castle“ му пружил поддршка на најдобриот српски тенисер пред можното учество на УС Опен.

Болдвин истакнал дека секој турнир кој му забранува учество на Новак поради одлуката да не се вакцинира, фрла дамка на себе, а исто така истакнал и дека Новак е најдобриот играч на сите времиња.

„Секој турнир кој му забранува учество на Новак затоа што ја става автономијата на своето тело на прво место, покрај своето име заслужува ѕвездичка, а исто така и покрај имињата на нивните шампиони. Новак е најдобриот на сите времиња (GOAT – Greatest of All Time), нека им е срам на овците“, напишал Болдвин како одговор на твитот на специјализираниот сајт за тенис „Racquet“.

За потсетување, Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Монтреал откако беше прозван од страна на тенискиот сајт на социјалните мрежи, а набрзо им одговори и Јелена Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг