Повторно слободна: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон ставија крај на романтичната врска, причината - очекувана

Точка

06/08/2022

13:06

7.259

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан одредено време уживаше во романтичната врска со Пит Дејвидсон.

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан и популарниот Пит Дејвидсон и покрај љубовта и почитта која ја имале еден кон друг, одлучиле да стават крај на својата врска и натаму да продолжат да бидат само пријатели.


Се претпоставува дека главната причина за тоа е далечината, со оглед на тоа што Пит многу работи во Австралија.

Парот се потрудил да ја одржи врската на сите начини, биле во секојдневна комуникација, но сепак не им успеало.

„Разводот со Канје е во тек. Тие успеваат да одржат среќно, заедничко родителство“, изјавил извор по веста дека Ким е повторно слободна и продолжува да се посветува на растењето на нејзините четири деца.

„Ким го сака тоа што секогаш успева да ја насмее и што ѝ го разубавува секој ден кога разговараат. Сега можеби нивните разговори завршија“, навел друг извор.

Реалити ѕвездата не се огласила по овој повод, а се претпоставува дека раскинувањето се случило кон средината на минатата седмица, меѓутоа потврда за тоа нема од парот – барем досега.




Спонзорирани линкови

Маркетинг