Балак со емотивна порака на годишнината од смртта на својот син

Макфакс

05/08/2022

22:26

7.279

Големина на фонт

а а а

Германската фудбалска легенда Михаел Балак преку социјалните мрежи прати емотивна порака до својот син Емилио една година откога тој го загуби животот на 18 години при мотоциклистичка несреќа во Португалија.

Емилио бил на семеен годишен домор во Троја, во близината на Лисабон, кога неговиот квад-мотоцикл се преврте минатиот август. 45-годишниот Балак со фотографија и со кратка поема се потсети на трагедијата.

„Мој сакан ангелу, се сеќавам на твојата насмевка, среќа и радост. Се сеќавам на твоето светло! Со многу љубов и многу емоции ќе се молам денеска за тебе и за твојата душа да почива во мир. Ќе се молам и за твоите браќа со целосна љубов. Те држам блиску до срцето“, напиша Балак.

Емилио, кој беше роден 2002, е средниот син на Балак, тој има уште два сина – Луис (2001) и Жорди (2005).




Спонзорирани линкови

Маркетинг