(Вознемирувачка снимка) Хоби со пријателите се претворило во хорор: Ја повлекол јадицата, а од морето извлекол...

Точка

05/08/2022

13:52

16.120

Големина на фонт

а а а

Пет пријатели отишле на риболов, кога денот им се претворил во хорор.

Имено, тие уловиле ни помалку ни повеќе – ајкула, која потоа ги нападнала на чамецот, а човекот кој ја уловил тешко е повреден.

Кога еден од петте рибари забележал дека на јадицата е фатено нешто големо и необично, никој од нив не можел да претпостави дека тоа е најопасниот можен улов.

Снимката од овој неверојатно вознемирувачки настан влева страв во коските. На него се прикажани пет рибари. Едниот од нив ја влечел куката кон чамецот, а потоа наеднаш испливала голема ајкула и веднаш го фатила за рака, по што човекот почнал да плаче и да се обидува да се ослободи од вилиците на ајкулата.

Пријателите веднаш се обиделе да му помогнат и некако успеале да го ослободат од ајкулата.

Рибарот од јачината на болката врескал, додека течела крв на сите страни. Ајкулата морале да ја убијат со харпун бидејќи цело време се борела и ги напаѓала другите луѓе на бродот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг