(Фото) Мистериозни „топки со антени“ предизвикаа полемика на социјалните мрежи: Што се случило во Мексико?

Точка

05/08/2022

12:20

23.831

Големина на фонт

а а а

Познатиот метеоролог го следат 123.000 луѓе, па неговата објава за кратко време станала вирална.

Метеорологот Исидро Кано од Мексико објавил фотографии од необични сфери/топки кои наводно „паднале од небо“ на подрачјето на градот Веракруз.

Кано е позната личност во тамошната заедница, па откритието се толкува со доза сериозност, иако мистеријата ги инспирира бројни теоретичари на завера.

Метал или пластика?


Кано фотографијата ја објавил на 1 август на својот Фејсбук профил, каде редовно ги известува своите пријатели и следбеници за времето во Мексико.

Иако со лош квалитет, фотографиите прикажуваат топки кои наводно „паднале на крошна дрво“, а секоја од нив има антена.

Познатиот метеоролог го следат 123.000 луѓе, па неговата објава за кратко време станала вирална.

„Делува дека се изработени од метал или пак од тврда пластика“, напишал Кано.

Дел од кинеските ракети?

Топките, наводно, атерирале минатата седмица, но немало никаква светлина или пак огнена трага.

Делуваат многу цврсто, целосно затворени, а на нив е испишан неразбирлив „код“, се тврди.

Кано напишал дека топките „можеби се дел од кинеските ракети“, веројатно поврзувајќи ги со остатоците од Long March 5B кои паднале во Тихи океан недалеку од Филипините.

Тој ги повикал надлежните да го испитаат случајот, додека во последната објава се наведува дека „стручните служби“ ги однеле топките од местото, пренесува „Newsweek“.


Траги од согорување?

Астрономот од Харвард, Џонатан Мекдауел, се сомнева дека топките би можеле да бидат и „вселенски отпад“.

„Не можат да ѝ припаѓаат на кинеската ракета, станува збор за „погрешен“ дел од светот, но можеби и измама. Би морал да видам поквалитетни фотографии“, изјавил Мекдауел.

Тоа што предизвикува сомнеж е тоа што има помала трага од согорување на топките кои морале да поминат низ Земјината атмосфера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг