Викторија Бекам и нејзината снаа не се во најдобри односи: „Подготовката за венчавката беше страшна“

Точка

05/08/2022

10:22

6.673

Големина на фонт

а а а

По бајковитата венчавка на Бруклин Бекам и неговата избраничка Никола Пелц, која се одржа во април, сега на ред се помалку убавите детали кои се случуваат во кругот на познатото семејство.

Иако се чинеше дека владее хармонија во семејството Бекам, извор близок до нив, за странските медиуми открил дека односот меѓу Викторија и нејзината нова снаа е прилично затегнат, а така било и пред самата церемонија.

„Тие не се согласуваат и не разговараат. Подготовката за венчавката беше страшна“, рекол изворот за „Page Six“.


Изворот додава дека Пелц, актерка и ќерка на њујоршкиот милијардер Нелсон Пелц, „не сакала нејзината идна свекрва да се меша во планирањето на венчавката“ и ја држела „подалеку од сè“.

„Комуникацијата беше минимална“, вели изворот.

Оттогаш, ситуацијата не е многу променета, а изворот исто така тврди дека семејството „не разговара претерано“ со нивниот наследник во последните месеци.


Претставниците на Викторија и Никола сè уште не се изјасниле за ова прашање.

Двојката се венчаше на имотот на Никола вреден 103 милиони долари на раскошна прослава на која присуствувале многу познати личности. Младиот Бекам пред специјалниот ден потпишал предбрачен договор за својата избраничка, а подоцна на своето име го додал и нејзиното презиме.

Бруклин и Никола уживаат во бракот, а овој 23-годишник на многу начини покажа колку му значи неговата четири години постара сопруга.




Спонзорирани линкови

Маркетинг