Славната актерка признала дека спиела со 200 мажи благодарение на улогата на секси мајка во овој филм

Точка

04/08/2022

21:39

9.372

Големина на фонт

а а а

Џенифер Кулиџ, ѕвезда на филмовите „American Pie“ и „Legally Blonde“, која го носи епитетот „оригинална MILF“, признала дека имала бројни интимни односи по филмската сензација од 1999 година.

Филмот „American Pie“ ѝ донесе голема популарност на Кулиџ, а таа вели дека благодарение на култната улога на мајката на Стифлер, која го заведува, а потоа и спие со другар на својот син, имала сексуални односи со 200 мажи, а најчесто понудените улоги биле поврзани со секси мајки, како онаа која ја имаше во легендарното остварување.


„Имав многу бенефити поради тој филм. Како да кажам – да не беше филмот не би спиела со 200 луѓе. Можеби го добивав сето тоа внимание затоа што и понатаму луѓето ме гледаа како мајката на Стифлер или поради улогата во „Legally Blonde“. Пред тоа постоеја луѓе до кои не можев да дојдам. Подоцна тие мене ме контактираа за да бидам дел од нивните проекти“, изјавила Кулиџ за „Variety“.


Актерката додала и дека пред снимањето на серијата „The White Lotus“ на „HBO“ била многу незадоволна од својот изглед бидејќи добила неколку килограми вишок во текот на карантинот.


„Не ми се допаѓаше како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напишал улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе биде хит. За малку ќе ја пропуштев приликата само затоа што бев убедена дека не изгледам како што треба“, вели Џенифер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг