Меки и сочни палачинки од тиквички: Многу лесен оброк, идеален за летните денови

Кармин

04/08/2022

17:02

6.947

Големина на фонт

а а а

На љубителите на солени палачинки ќе им се допадне ова јадење кое се прави на многу едноставен начин, а потребни се само неколку состојки.

Тоа е многу лесен оброк, па сигурни сме дека ќе го јадете често во топлите летни денови.

Состојки:

- 1 тиквичка

- 3 јајца

- 1 кромид

- 2 чешниња лук

- магдонос, сол

- чаша брашно (од 250мл.)

- кашкавал

Подготовка:

Тиквичките и кромидот изрендајте ги на најситното ренде. Ставете ги во сад и додадете испасиран лук, јајца и зачини и убаво измешајте. На крајот измешајте ги со солта и брашното.

На загреано масло во тава испржете ги палачинките. Кога ќе ја потрошите целата смеса, повторно нежно наредете ги палачинките во тавата една врз друга, ставајќи меѓу нив парче кашкавал.

Покријте со капак и оставете на најтивок оган додека кашкавалот не се растопи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг