Велшанец нуди 13 милиони евра за фрлен хард диск со биткоини

Точка

04/08/2022

16:00

10.144

Големина на фонт

а а а

Џејмс Хауелс, IT инженер, случајно во 2013-та година го фрлил хард дискот на кој "ископал" 8.000 биткоини, криптовалута која во тој момент била во раните фази на развојот.

Пред речиси 10 години, Џејмс Хауелс во текот на чистењето на станот фрлил хард диск на кој имал биткоини.

Денеска, кога вредноста на биткоините е 184 милиони евра, Хауелс планира да понуди милиони на оној кој ќе го пронајде овој хард диск на депонијата во Њупорт, град на југот на Велс.

Доколку хард дискот работи, овој Велшанец ветил дека 10 проценти од парите ќе вложи во место за развивање на криптовалути.

Меѓутоа, градските службеници велат дека копање по депонијата би предизвикало еколошка опасност.


Џејмс Хауелс, IT инженер, случајно во 2013-та година го фрлил хард дискот на кој "ископал" 8.000 биткоини, криптовалута која во тој момент била во раните фази на развојот.

Вредноста на оваа валута варирала, па во јануари 2021-ва година изгубените биткоини на овој Велашенц вределе повеќе од 250 милиони евра, но вредноста на почетокот на 2022-ра година опаднала.

Градската власт во Њупорт, која е и сопственик на депонијата на која е изгубениот хард диск, неколку пат го одбила барањето на Хауелс да го пребара ѓубрето.

Властите како причина ја навеле опасноста дека копањето по ѓубрето може да влијае на животната средина.


Хауелс поради тоа ветил дека 10 проценти од парите, доколку е исправен, ќе вложи во разни проекти за развој на криптовалути.

Копањето по депонијата би барало трагање низ илјадници тони ѓубре кое таму се собирало со децении.

Сепак, Џејмс Хауелс верува дека ќе може да финансира ископување на ефикасен и еколошки начин.

„Парите се подготвени, обезбедив специјалист од областа на вештачката интелигенција кој може да го пронајде хард дискот, а тука се и експерти за животна средина. Имаме цел тим кој заедно ќе работи на оваа високоризична задача“ , вели Хауелс.

Меѓутоа, барањето на хард дискот е само дел од задачата.


Додека не се пронајде, не се знае дали работи.

Доколку работи и може да се пристапи на податоците со биткоини, Хауелс ќе биде богат, но тоа ќе зависи и од вредноста на овие криптовалути.

Овој 37-годишен маж се откажал од дел од парите и ветил дека ќе финансира проекти во Њупорт кои промовираат користење и разбирање на криптовалутите.

„Имаме цела иста на добри планови кои сакаме да ги направиме за заедницата. На таа листа се наоѓа и нашиот план да ја исчистиме депонијата и да поставиме неколку ветерници кои ќе снабдуваат струја со која луѓето од Њупорт ќе можат да копаат криптовалути“, вели Хауелс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг