„Патлиџан-турист, со Порше“: Врз автомобил вреден речиси 200.000 евра, ставил шатор и тргнал на патување

Точка

04/08/2022

12:44

11.306

Големина на фонт

а а а

Приказните за туристите со домати ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома, а во случајов дури и сместување, како што покажува фотографијата која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.

Имено, на фотографијата се гледа Порше, вредно околу 200.000 евра, а врз него има шатор.

Фотографијата предизвика лавина коментари, како на Твитер, така и на Фејсбук страницата „Live from Greece“.

„Како се вели на германски: ‘Патлиџан турист со Порше?’“, „Ма тоа е некој наш, гастербајтер“, „Или се плаши од лавови, или се плаши некој да не му го украде Поршето“, „Ова се вели: луѓе кои знаат да уживаат. Наредната година и јас ќе одам вака“, „Рецесијата пристигна“, се само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг