Риболовци од Хрватска совладале сом од 2,5 метри и 100 килограми: Бевме подготвени, ова ни е улов на животот

Точка

03/08/2022

21:47

9.481

Големина на фонт

а а а

Не го меревме затоа што ќе го убиевме при кревањето, но претпоставуваме дека има околу 100 килограми, вели Шпољариќ.

Риболовот во езерото Ракитије во Хрватска е долгогодишна традиција, но за сомот кој неодамна бил уловен долго ќе се раскажува.

Риболовците од спортското риболовно друштво Рак Ракитије уловиле сом од 2,5 метри и 100 килограми.


„Ова ми е рибата на животот. Се обидуваме да ја уловиме веќе 30 години“, рекол за "24sata.hr" Денис Шпољариќ, горд ловец на најголемиот сом што некогаш го виделе рибарите на езерото Ракитије во околината на Загреб.

Џинот го фатил со колегата Марио Јапјец, а откако направиле неколку фотографии го пуштиле сомот назад во езерото.


„Не го меревме затоа што ќе го убиевме при кревањето, но претпоставуваме дека има околу 100 килограми. Ние во главно ги пуштаме рибите кои ќе ги уловиме, а килограмите не ни се важни. Се гледа колку е голем, ова е сигурно најголемата риба која ја имам уловено“, вели Шпољариќ.


Додава дека биле подготвени и дека го имале целиот прибор.

„Не дојде случајно, тоа беше таргетиран улов. Знаеме дека ги има“, заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг