Почина бразилскиот Хулк: Маслото во инјекциите за зголемување на мускулите го чинело живот?

Точка

03/08/2022

19:30

25.177

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот бодибилдер и популарен Тиктокер, Валдир Сегато, кој си вбризгуваше масло опасно по живот со цел да има поголеми мускули, починал на 55-от роденден, пренесува „Daily Mail“.

Валдир со години со помош на инјекции вбризгуваше Синтол и го зголемуваше ризикот од срцеви удари и инфекции, а сето тоа за да добие што поголеми мускули и да изгледа како Хулк и Арнолд Шварценегер.

Како што изјавил во една прилика, бил инспириран од физичкиот изглед на фиктивните ликови и обожувал кога на улица го нарекувале „чудовиште“.

„Ме нарекуваат Хулк, Шварценегер и Хи-Мен и јас го обожувам тоа. Ја удвоив големината на бицепсите, но и понатаму сакам да бидам поголем отколку што сум“, изјавил Сегато во 2016 година.


Бразилецот со гордост објавуваше видеа и фотографии од своето непропорционално тело на социјалните мрежи. Освен тоа, на Инстаграм го промени името во Валдир Синтол, по супстанцијата која ја користел за зголемување на мускулите.

Како што пишуваат локалните медиуми, Валдир имал само неколку пријатели и повремени посетители и живеел изолиран живот, иако на социјалните мрежи го следеа повеќе од 1,6 милиони луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг