(Видео) Дивјачки напад над фудбалска судијка во Аргентина

Макфакс

01/08/2022

19:47

5.312

Големина на фонт

а а а

Од Аргентина ни доаѓа видео со несфатлива агресија на фудбалските терени откако фудбалерот Кристијан Тироне ја нападна судијката Далма Магали Кортади предизвикувајќи хаос на теренот.

Во провинцијата Гонзалез Чавез во Буенос Аирес, на мечот помеѓу Депортиво Гарменсе, кои имале 2:1 водство против Индепеденсија де Чавез, кога Кортади досудила фаул за противниците на Тироне, Индепеденсија, тој ја загубил контролта и ја удрил Кортади одзади. Мечот беше веднаш прекинат, а полицијата веднаш го уапси насилникот.

Според спортскиот весник „Оле“, Тироне е во притвор во локалната полициска станица, а Кортади завршила во болница поради ударот во главата. Таа, сепак, ветила дека ќе продолжи со својата кариера.

„Најважно е правдата да биде задоволена и тоа да не се повтори ниту мене ниту на кој било друг судија. Не е важен мојот пол. Сите одиме на работа и си ја вршиме нашата професија со љубов. Сакам само овој човек да плати за она што го направи“, изјавила Кортади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг