Седлоски: Притисокот е кај Динамо, ние утре одиме на победа

Дерби

25/07/2022

14:54

2.558

Големина на фонт

а а а

Тимот на Шкупи се подготвува за реваншот против Динамо Загреб во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, средба која е закажана за утре од 21 часот во македонската престолнина.

Нашиот шампион се избори за одличен резултат на првиот меч во Загреб каде успеа да даде два гола (2-2), но сега тоа веќе е минато и во таборот на клубот од Чаир се свесни дека им треба моќна претстава, издание на највисоко ниво ако сакаат да направат спортско чудо и го елиминираат Динамо од елитното натпреварување.

 -После оној натпревар кој го одигравме во Загреб, за нас тоа е поволен резултат. Сега утре не очекува тежок натпревар, тие 2-2 не смеат да не залажуваат и им пренесов на играчите дека пред нас имаме многу силен противник како што е Динамо. Знаеме каде е секоја година игра Динамо и какви великани поминувале. На тренинзите на кои работевме играчите ми дадоа една позитива дека ќе го дадат максумот, надеж дека ќе се покаже една добра игра како во Загреб, па на крајот нека победи подобриот и оној кој ќе го заслужи тоа, - истакна тренерот Гоце Седлоски и додаде:

- Атмосферата во екипата е добра, само Дамфа се пожали на повреда и сигурно го загубивме за овој натпревар. Ги повикувам навивачите да бидат нашиот 12-ти играч, сите љубители на фудбалот во Македонија. Свесни сме со кого е соочуваме каква шанса имаме и ќе го дадеме најдоброто од себе. Притисокот е кај Динамо, секоја година игра во ЛШ и ЛЕ. Тие можат многу да загубат, а ние многу да добиеме. Ќе одиме на победа, ама тоа ќе зависи и од противникот. На ниеден меч досега не сме се бранеле, ниту планирам да се бранам и сега. Фудбалот се игра за публик, публиката биде со нас, а ние ќе се обидеме да возвратиме со позитивен резултат.

- Многумина истакнуваат дека противникот нè потценил на првиот меч, но јас би прашам кој би можел да си дозволи во Лига шампиони да потцени противник и така да се постави. Не, напротив, ние одигравме на едно ниво иако покажавме и доста недостатоци кои ќе мора да ги корегираме, - порача тренерот на Шкупи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг