Миовски: Ми се допаѓа стилот на игра, среќен сум поради голот и навивачите

Дерби

25/07/2022

13:28

3.379

Големина на фонт

а а а

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски имаше одличен почеток на својата нова приказна во кариерата во редовите на еден од најдобрите клубови во Шкотска, составот на Абердин.

Миовски конечно ги надмина проблемите со визата, доби зелено светло и во првиот меч во новиот клуб веднаш се запиша во листата на стрелците и тоа против Рејт Роверс во Лига Купот. Македонецот се најде во почетната постава и во првите минути се избори за пенал кој потоа го реализираше и го отвори резултатот по што се беше многу полесно за фаворитот кој на крајот славеше со 3-0.

- Конечно сум тука и среќен сум поради тоа. Конечно е готово. Го изведев пеналот и постигнав гол, тоа ќе ми даде самодоверба за во иднина. Им благодарам на моите соиграчи. Убаво шутнав. Ми се допаѓа нашиот стил на игра, играме офанзивно, има многу нафрлувања и повеќе можности за мене. Едвај го чекам моето деби во лигата, среќен сум и поради приемот на навивачите, тоа ми дава дополнителен мотив, - порача офанзивецот кој во Шкотска дојде до унгарски МТК Будимпешта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг