Ферстапен профитираше од грешката на Леклер, фантастичен ден за Мерцедес во Франција

Дерби

24/07/2022

16:54

27.024

Големина на фонт

а а а

Тоа што требаше да претставува одличен викенд за Шарл Леклер се претвори во вистински кошмар, а од друга страна рутинска победа на Макс Ферстапен кој максимално профитираше од грешката на возачот од Монако.

Леклер кој ја освои пол-позицијата водеше по првите 18 круга и ги одби почетните налети од актуелниот шампион, но лидерот на трката направи голема грешка во 11-от свијок и со тоа си ја упропасти трката на која планираше дополнително да ја намали предноста во генералниот пласман.

Наместо тоа, Макс сега направи голема предност со освтарената победа на Пол Рикар, која беше вистинска рутина за него во преостанатите 30-тина круга по излетувањето на Леклер.

Победата на Ферстапен во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а најинтересна беше борбата за третото место, која на крајот му припадна на Џорџ Расел.

Луис Хамилтон исто така беше осамен и заврши како втор, што значи дека Мерцедес имаше фантастичен ден и викенд во Франција, бидејќи нивните два болида беа побрзи од оној на Перез.

Чеко направи грешка на пет круга пред крајот и му дозволи на Расел да избие на третата позиција, по што младиот Британец знаеше како да ја одбрани до самиот крај.

И покрај успехот на водечката четворка, мора да се потенцира дека возач на денот е Карлос Саинц, бидејќи Шпанецот напредуваше од 19-то до петтото место, а пред да влезе во боксот беше и трет. Од шестото до десеттото место денеска завршија Алонсо, Норис, Окон, Рикиардо и Строл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг