(18+) Како навистина изгледа снимањето на филмови за возрасни – еве во кој случај цела екипа се пакува и си оди дома

Точка

22/07/2022

18:52

71.126

Големина на фонт

а а а

Миа Малкова, актерка во филмови за возрасни, до детали открива како изгледа еден снимачки ден.

Миа, која има 26 години, заработува повеќе од 2,2 милиони долари годишно, благодарение на порнографијата.

Гостувајќи во еден подкаст, Миа открила што се крие „зад камерите“, како изгледа еден ден на снимање и во кои ситуации целата екипа мора да си замине.

Оваа американска порно актерка, која снимала филмови со најголемите светски продукциски куќи, многу е активна и на платформата OnlyFans, каде продава ексклузивна содржина.

Миа во подкастот рекла дека снимила стотина сцени со професионални порно компании, а потоа зборувала и за тоа како изгледа еден обичен ден на снимање.

„Мора да направите фризура и да бидете убаво нашминкани, тоа обично е првата работа која се прави и тоа трае околу час и половина“, започнала таа.

„Потоа, правите фотографии кои ќе ги искористите за промоција. Тоа прво се прави за да не се уништи шминката. Тоа е само основно, а потоа се прават сексуални фотографии, потребно е да ги направите сите пози. Знае да биде тешко, но добро е што се прави пауза помеѓу позите“, рекла Миа и истакнала дека нејзините колеги и таа мора да се мачкаат со масло на телото, за да изгледаат посвежо и поубаво“, пренесува „Мондо“.

На прашањето колку време е потребно за снимање на сцена од 25 минути, Миа открила дека самата секс-сцена е всушност еден од побрзите делови во текот на денот.

„Зависи, понекогаш може да снимите сè за 30 до 40 минути“, рекла актерката и открила во кој случај цел тим мора да си замине дома за време на снимањето.

Според неа, ако се случи мажот едвај да се контролира и се бори снимањето да не заврши, цел продукциски тим се повлекува.

„Ако момчето не може да ја заврши сцената докрај, бидејќи е пред оргазам, сите мора да си заминат дома. Што е најлошо, ако не успее, најверојатно нема повторно да биде ангажиран“, објаснила таа, напоменувајќи дека мисли дека тоа е резултат на притисок под светла.

„Обично на сет има до пет луѓе, но понекогаш може да се многу помалку, само двајца. Порнографијата е мојата втора природа, се чувствувам многу поудобно да извршувам сексуални дејствија пред камера отколку надвор од камерата“, заклучила Миа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг