Бик го усмртил својот сопственик на сточниот пазар во Гостивар

Макфакс

07/07/2022

15:45

1.237

Големина на фонт

а а а

Жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.

Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.

Пензионерот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош, но тој им подлегнал на повредите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг