Славната актерка и поранешна девојка на Кличко открила зошто ја испратила ќерка ѝ во Украина: Злоупотребата започна на 15 години кога ми дадоа „пилули за среќа“

Точка

07/07/2022

15:24

13.450

Големина на фонт

а а а

Украинскиот боксер Владимир Кличко беше во врска со американската актерка Хајден Панетиер со кој ја има ќерката Каја.

Ѕвездата на „Nashville“ отворено зборувала за повеќегодишната борба со зависноста од алкохол и лекови против болка кои ја довеле во здравствена опасност и ризик од откажување на работата на црниот дроб.

32-годишната Хајден во исповед за „People“ рекла дека проблемот со зависноста започнал од нејзината 15-та година и дека ситуацијата излегла од контрола што довело до постпородилна депресија по раѓањето на ќерката Каја во 2014 година.


„Колку бев постара, толку повеќе станував зависна од алкохол и лекови. Не можев да го замислам животот без нив“, рекла актерката и објаснила дека нејзиното ментално и физичко здравје биле во толку лоша состојба што морала нејзината ќерка да ја испрати кај татко ѝ во Украина.

„Се будев со треска и единствениот начин да го започнам денот беше со помош на алкохол. Ја испратив ќерка ми кај татко ѝ и тоа беше најтешката работа која морав да ја направам. Но, сакав да бидам добра мајка, а за да бидам морав да ја испратам во подобро опкружување додека не се излекувам“.


Актерката тврди дека не пиела алкохол за време на бременоста, но и дека веднаш по породувањето му се вратила на стариот порок. Набрзо откако Каја заминала да живее со Кличко, парот се разделил по 9-годишна врска.

„Лекарите ми кажаа дека мојот црн дроб ќе откаже. Не сум повеќе 20-годишна девојка која може да закрепне од мамурлак“, вели таа.

Хајден ја започна кариерата уште како девојче, а проблемите со зависноста започнале на 15-годишна возраст во текот на снимањето на серијата „Heroes“. Таа тврди дека нејзиниот тим ѝ давал „среќни пилули“ за да ѝ биде „посимпатична“ на публиката во интервјуата.


„Тогаш немав поим колку било погрешно што ми даваа таблети за подигнување на расположението и дека сè ќе прерасне во проблем и зависност“, раскажала Панетиер.

Ќерката која ја има со Кличко моментално живее во Украина која е под руска инвазија, но според зборовите на актерката, таа е безбедна.

„Одлично се справува со ситуацијата. Воодушевена сум колку е зрела девојка“, заклучила Хајден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг